Лајонс клубот „Десарети“ во соработка со охридскиот Црвен крст денеска додели хуманитари пакети на повеќе од 30 социјално загрозени семејства од Охрид.

Традиционално секоја година, во месец јуни организираме донаторска акција. Собраните средства годинава одлучивме да ги намениме за хуманитарни пакети за социјално загрозени семејства. Хуманитарните акции продолжуваат и во наредниот период, утре ќе доделиме ДВД плеер за потребите на Друштвото на слепи лица во Охрид, изјави д- р Иво Захариев, претеседател на ЛК „ Десарети“.

Хуманитарните пакети содржат прехранбени производи и средства за одржување на хигиена.

Сакам да изразам благодарност во името на корисниците на оваа помош до сите кои на овој начин помагаат. Би сакал и да ги поттикнам и останатите фирми и институции кои имаат можност нивното малку да го преточат во многу за оние кои немаат ниту малку, рече претседателот на општинскиот Црвен крст, Сашо Точков.

Денешната акција на ЛК „Десарети“ е поддржана и од Лајонс клубовите „Охрид“ и „Лихнидос“ и Ротари клубот.

Т.К.