Членовите на лајанс клубот Лихнидос од Охрид, денеска реализира уште една хуманитарна активност. Два подвижни дубаци завршија во просториите на  специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид, донација на членот на клубот Ристе Наумоски – Виолинче и неговиот брат Александар. Преку овој хумант гест, на пациентите ќе им се овозможи полесна рехабилитација.


Од ЈЗУ „Св. Еразмо“ изразија задоволство за донацијата. „Се надеваме дека и понатму ќе имаме соработка со овој клуб. Тие се секогаш тука да помагнат на болните, сиромашните и беспомошните“ – истакна директорот на „Коснозглобна“, Д-р Митко Тилески.






членовите на ЛК Лихнидос со директорот и персоналот на „коснозглобна“

ЛК Лихнидос во иднина најавува уште вакви хумани активности, со цел да им се помогне на оние на кои им е најпотребно.

OhridNews