Хуманитарен концерт се одржа синоќа во ОМУ Методи Патче на кој Лајонс клубот Лихнидос од Охрид на училиштето му подари две школски виолини на кои ќе вежбаат талентираните ученици.

На концертот настапија ученици на ОМУ Методи Патче во придружба на своите ментои, кои изведоа дела подготвени за оваа прилика.

Влезот на концертот беше бесплатен, а присутните донираа парични средства по сопствена волја за поддршка на младите таленти во Охрид. 

Синоќешната донација е уште една потврда на големата хуманост и општествена грижа на ЛК Лихнидос, кој континуирано го помага ОМУ Методи Патче и талентирани музичари во градот, за кои покрај двете виолини претходно обезбеди клавир и хармоника.

OhridNews
фото: Емил Јовановиќ