Во рамките на проектот, меѓу другото, предвидено е да се реализира работилница која ќе има за цел утврдување на потребите и приоритетите на локалната заедница во борба против туберкулозата, што ќе биде преточено во предлог план кој ќе биде доставен до Советот на Локалната самоуправа.
На работилницата која ќе се одржи денеска во просториите на Црвен крст Охрид, ѓе учествуваат претставници од институциите кои на различни начини, со своите знаења и искуство, можат да придонесат за изготвување на ефикасен план за контрола на туберкулозата на локално ниво.