Од денес почнува да се применува зимското работно време во локалитетите и музеите на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј- Охрид.

Според тоа, како што информираат од Установата,  Музејот Куќата на Робевци ќе работи од 09:00 до 15:30 часот, Музејот на вода Заливот на коските- Градиште од  09:00 до 15:30 часот, Самуилова Тврдина од 09 :00 – 15:30 часот, додека Галеријата на икони од 09:00 – 15:00 часот.

Додаваат дека локалитетите и музеите ќе бидат отворени од вторник до недела, додека понеделник е неработен ден.

OhridNews