Рано утринава локализиран е пожарот кој вчера, доцна попладнето избувна и зафати дел од падините на планината Јабланица.

Нашите екипи постојано беа на терен и се бореа со огнената стихија, за конечно во раните утрински часови пожарот да биде целосно изгаснат. Сепак, стравуваме дека оние за кои се сомневаме дека вчера го подметнаа пожарот, тоа може повтроно да го направат. Од наша страна постојано се укажува дека одредени луѓе поради лични интереси ги подметнуваат пожарите, но засега тие лица не се откриени, вели командирот на Противпожарната служба во струга, Урим Каба.

Пред два дена на истиот простор изби пожар, кој екипите на Противпожарната служба, вработените во јавните претпријатија Комунално и Проаква, шумското претпријатие Јабланица и месното население го гаснеа до 3 часот вчера утрото, за попладнето повторно да се рагори на истиот дел од планината.

–    Кога го напуштивме местото пожарот во целост беше изгаснат и не постоеше опасност за негово повторно разгорување. Затоа се сомневаме дека тој доцна попладнето беше повторно подметнат, изјави Каба.

Според првичните проценки во пожарот кој гореше на планината Јабланица, во близина на селата Горна и Долна белица, Октиси и Радолишта, уништени се околу 40 хектари борова шума, меѓу кои и 10 хектари нови садници.

OhridNews