Рано утринава локализиран е пожарот кој вчера, доцна попладнето избувна и зафати дел од падините на планината Јабланица.
– Нашите екипи постојано беа на терен и се бореа со огнената стихија, за конечно во раните утрински часови пожарот да биде целосно изгаснат. Сепак, стравуваме дека оние за кои се сомневаме дека вчера го подметнаа пожарот, тоа може повтроно да го направат. Од наша страна постојано се укажува дека одредени луѓе поради лични интереси ги подметнуваат пожарите, но засега тие лица не се откриени, вели командирот на Противпожарната служба во струга, Урим Каба.
Пред два дена на истиот простор изби пожар, кој екипите на Противпожарната служба, вработените во јавните претпријатија Комунално и Проаква, шумското претпријатие Јабланица и месното население го гаснеа до 3 часот вчера утрото, за попладнето повторно да се рагори на истиот дел од планината.
– Кога го напуштивме местото пожарот во целост беше изгаснат и не постоеше опасност за негово повторно разгорување. Затоа се сомневаме дека тој доцна попладнето беше повторно подметнат, изјави Каба.
Според првичните проценки во пожарот кој гореше на планината Јабланица, во близина на селата Горна и Долна белица, Октиси и Радолишта, уништени се околу 40 хектари борова шума, меѓу кои и 10 хектари нови садници.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 39-годишно лице од охридското село Лескоец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на на...
Во првите девет месеци од 2026 година, двата македонски аеродрома со кои управува ТАВ Македонија, Меѓународниот Aеродром Скопје и Aеродромот Св Апостол Павле Охрид, опслужиле вкупно 3,3 милиони пат...
Наградата „Драги“, воспоставена во чест на Драги Михајловски (1951 – 2022), македонски писател, преведувач, есеист кој остави траен белег во македонската култура со препевите на целокупното дело на...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.