Пожарот што попладнево избувна на планината Петрино на околу два километри од Националниот парк Галичица, е локализиран. Пожарот бил изгаснат вечерва со помош на локалното население од Велгошти и околината.

Според информациите кои ги добивме од Националниот парк Галичица, огнот зафатил површина од околу 2,5 километри, главно приземна вегетација и смрека, но не навлегол на територијата на паркот.


Одговорните се сомневаат дека причина за пожарот кој беше воочлив и од центарот на Охрид, е човечки фактор.

OhridNews