Целосно е локализиран пожарот над струшката населба Елен Камен, кој вчера попладне избувна во шумата на патот кон селото Радожда.

Наши екипи беа на терен, работеа на локализирање на пожарот, а заврна и малку дожд, кој помогна во целосно ликвидирање, изјави за МИА командирот на ТППЕ – Струга, Фети Мазари.
Огнените јазици предизвикаа паника кај жителите од викенд населбата Елен Камен, поради проширување кон куќите. Силниот ветер дополнително ја отежнуваше работата на пожарникарите и ги ширеше пламените јазици.
OhridNews











