Пожарот кој избувна синоќа во 20:15 минути на непристапен терен помеѓу селата Косел и Расино каде зафатена беше сува трева и мешана шума е локализиран.

 

 

Останува пожарот активен во Охрид . Според денешните информации кои ги добив пожарот е  комплетно локализиран, завршен е кај Косел и с. Расино, истакна денес на прес-конференција Горан Стојкоски од Центарот за управување со кризи

Во реон на пожарот биле упатени 1 ПП возило со четири пожарникари од ТППЕ Охрид и шест вработени со две теренски возила од ШС „Галичица“. Синоќа поради непристапност и намалена видливост останата беше дежурна екипа на ШС Галичица. Со интервенција се започна денес во раните утрински часови.

 

 

К.А

 Фото:илустрација