Почитувани советници од ВМРО- ДПМНЕ, Вие, пред се и над се, сте охриѓани и од нив сте избрани. Поради тоа логично е, пред се, да ги браните интересите на граѓаните на Охрид ,а не теснопартиските интереси диктирани од централата на ВМРО- ДПМНЕ, стои меѓу другото во реакцијата испратена од Локалната самоуправа.

– Со кое право и морален кредибилитет, од Градоначалникот Александар Петрески барате, незаконски и на штета на граѓаните, да ја ослободи централната власт од плаќање на комуналните давачки за проектот „ Плаошник 2014“ во износ од 1,6 милиони евра. Со тие пари, како што и самите знаете , може да се направат многу комунални проекти со кои ќе се подобри животот на охриѓани. Не можеме да разбереме со каква леснотија се амнестирате од одговорноста дека со ваквите постапки ја браните власта, наместо граѓаните на Охрид. Ако оваа Влада има 50 милиони евра за реклами, 50 милиони евра за споменици и десетици милиони евра за хонорари на скулпторите, тогаш се прашуваме до кој степен е дојдена власта, ако нема 1,6 милиони евра да си ги подмири комуналните давачки, се наведува во реакцијата.

OhridNews