Здружението на граѓани „ Христо Узунов“ за денес најавениот протест за поскапувањето на водата, не треба да го организира  пред зградата на Општина Охрид  туку пред Владата на Република Македонија, велат од Локалната самоуправа, посочувајќи декса одлуката за поскапувањето е донесена и потпишана уште во 2000- тата година од тогашниот министер за финансии, а сега премиер и претседател на ВМРО- ДПМНЕ  Никола Груески.

Наместо пред Општина Охрид , вработените во подрачните единици  на владините министерства и институции, треба да излезат на протест пред градската болница, велат од општината.

– Оние кои работат во здраствените институции ,  не треба да се на протестот пред општината туку пред влезот на општата болница, каде утре, на 4 февруари,  во 5 минути до 12 часот граѓаните ќе го кренат гласот против систематското уништување на охридското јавно здраство. Ако во ОК на ВМРО- ДПМНЕ има демократска атмосфера тогаш не треба да им се закануваат дека ако излезат на протестот пред болницата, наредниот ден ќе бидат избркани од работа, стои во писмената реакција од Кабинетот на градоначалникот на Општина Охрид Александар Петрески.

OhridNews