ОК на ВМРО- ДПМНЕ, по старата и проверена практика, нападите од расправите на седниците на Советот , ги вади во јавноста ,зошто такви наредби добиваат од нивниот шеф Груески. Политичката нестабилност во државата е се поизразита, па наместо на граѓаните да им ја кажат вистината дека Груевски со фамилијата е виновникот ,тие и натаму го малтретираат народот со маргинални теми, стои во реакцијата на локалната самоуправа во врска со денес одржаниот прес на ОК на ВМРО- ДПМНЕ.
– На вчерашната седница на Советот и на денешната прес-конфренција, направија „ весела математика“ за трошењето на буџетските пари во минатата 2010 година, во која сме убедени дека и самите не веруваат. За нив планираните државни пари и не морале да се дадат за да се обвини Локалната самоуправа дека не е способна да ги заврши планираните проекти. Но, постојат факти од кои се гледа колку пари се вложени во бројните инфраструктурни објекти. Потценувајќи го капацитетот на своите граѓани и натаму ја туркаат приказната дека Секторот за туризам и локален економски развој ги лажира програмите , а самите знаат дека многу државни органи следат како се трошат буџетските пари. Направија и некаква си „ згора- здола економска анализа “ за работењето на ЈП „ Охридски комуналец “ и задолжувањето, но и овој пат со погрешен пристап мислејќи дека ќе ја излажат јавноста, велат од локалната самоуправа.












