
– Градоначалникот Александар Петрески го информира евроамбасадорот Соренсен за сериозниот и постојан притисок од централната власт, кочењето на процесот на децентрализација и опструирањето на повеќе важни развојни проекти. Не се работи за неосновано критикување на централната власт на ВМРО- ДПМНЕ, ниту малодушно кукање пред амбасадорите. Се работи за вистината. Вистината им се кажува на пријателите, на луѓето кои ви веруваат и само така се создава меѓусебна доверба. -велат од локалната самоуправа.
Според неа нападите на координаторот на советничката група на ВМРО- ДПМНЕ Дејан Паноски врз градоначалникот Петрески се неосновани, со цел, како што стои во реакцијата, да се создава впечаток на идеално владеење на централната власт предводена од ВМРО- ДПМНЕ.
OhridNews











