– Канделабрите не се поставени како што треба ниту пак го имаат потребниот квалитет. Според првичните најави овие светилки требаше да се постават до хотелот Метропол. Одржувањето е во надлежност на Агенцијата за патишта. Со записник може и нам да ни се предаде обврската, но досега тоа не е случено, вели градоначалникот Александар Петрески.
Според него, со цел поголема прегледност на патниот правец, осветлување треба да се постави до Пештани.Освен тоа, Петрески додава дека електричните столбови треба да се постават во зелениот појас од внатрешната страна каде што има заштитни браници.
Делницата од Охрид до населбата Свети Стефан, која е дел од регионалниот пат кон граничниот премин Свети Наум, беше проширена кон крајот на минатата деценија. И покрај големата фреквентност на овој патен правец, особено во летниот период, сеуште не се изградени патеки за пешаци и велосипедисти, а недостига и соодветна сигнализација.