Од страна на локалната самоуправа вложени се максимални напори за изградба на нов објект во кој ќе биде сместен Здравствениот дом, изјави раководителот на Секторот за урбанизам, Бранко Арнаудоски, како одговор на неодамнешните обвинувања на претседателот на општинската ВМРО- ДПМНЕ дека локалната ја кочи изградбата.


Локалната самоуправа покрена иницијатива за изработка на локално-  урбанистичко планска документација за изградба на Здравствениот дом, бидејќи за потегот кој ја опфаќа  локацијата на која е барано да се гради објектот, во моментов не постои детален урбанистички план. Во интерес за поврзо решавање и добивање ододбрение за градба, локалната на 29. 12. 2009 усвои локална планска документација по што веднаш беше издаден извод до здравствен дом, бидејќи тие се инвеститори и треба да ја водат постапката. По изводот тие беа задолжени да изготват идеен проект, кој го доставија во мај 2010, вели Арнаудоски.

Како што тој објаснува, проектот заедно со предметот за локациски услови имал недостатоци за кои веднаш ги известиле надлежните во Здравствен дом за да ги отстранат. Поголемиот број од нив се однесувале на нерешени имотно- правни односи околу просторот каде би требало да се гради објектот.

До денес, од страна на Здравствен  дом тие проблеми не се отстранети. Додека тоа не го решат, според законот за градење ние не можеме да им издадеме локација за изградба на здравствен дом. Денес ако донесат имотен лист за земјиштето, ние уште утре ќе му издадеме локација, потенцира Арнаудоски.

OhridNews