По налог на Локалната самоуправа, Ј.П.”Охридски Комуналец” изврши генерално чистење на просторот од полигонот за мали спортови во Охрид. Се изврши чистење на околниот простор од отпад, косење на тревата и метење на целиот простор, а отстранети се и неколку суви дрва и извршено е кроење на крошните од дрвата.


Одлуката за одржување на изборните митизни на некогашниот полигон за мали спортови, наместо на градскиот плоштад, ја донесе советот на општина охрид, а по предлог на градоначалникот Александар Петрески. По тоа, следуваа бурни реакции од страна на ВМРО- ДПМНЕ чиј митинг е закажан на 16- ти мај, но и од СДСМ.



И покрај тоа, Петрески остана на ставот дека одлуката донесена на совет важи за сите политички партии и дека не отстапува од мислењето дека митинзите не треба да се одржуваат на градскиот плоштад. – За мене, пред се, важни се интересите на граѓаните. Доколку партиите имаат барање за друга локација, ќе го разгледам само доколку ми се испрати во писмена форма, потенцира Петрески.

По првичните реакции од ВМРО- ДПМНЕ во врска со одлуката митинзите да се одржуваат на градскиот полигон, сега од партијата со став дека за нив не претставува проблем на кој простор ќе го одржат предизборниот митинг. – Очекуваме дека граѓаните во голем број ќе дојдат да ги слушнат нашите пораки на митингот кој го организираме, независно од тоа каде тој ќе се одржи, изјави кандидатот за пратеник од ВМРО- ДПМНЕ, Александар Николоски.

OhridNews