По повод Новогодишните празници, Општина Охрид за периодот од  20 декември 2013 до 20 јануари 2014 година,   издава продажни штанд- пултови за храна и пијалаци на градскиот плоштад. За продажните штанд- пултови на површина од 5 метри квадратни почетната цена изнесува 15.000 денари по штанд, а за помалите од 4 метри квадратни,   12.000 денари по тезга.

Во почетната цена за издавање на локација не се содржани комуналната такса, одржување на хигиена и приклучок и трошок на електрична енергија.
Понуда  може да достават сите физички и правни лица регистрирани за вршење на  дејност.

Понудите треба  да се достават најдоцна 16.12.2013  година до 16 часот преку пошта ,лично во архива или пред отворањето со лично предавање до Комисијата. Понудите пристигнати после наведениот рок нема да се разгледуваат. Истите  треба да биде доставени во затворен коверт со назнака,,До Општина Охрид, ул.„Димитар Влахов“ бр.57 – 6000 Охрид за оглас 08/2013 (изнајмување на тезги- пултови), со задолжителна назнака ,,Не отворај’’.
Понудите да бидат со важност од 30 дена.

Депозитот за учесниците кои нема да добијат локација на јавното наддавање е повратен, додека за учесниците кои ќе добијат локација на јавното наддавање ќе се одбие од вкупната цена на склучениот договор.