Општина Охрид ги информира граѓаните кои имаат проблеми со адресите на живеење , односно утврдувањето на имињата на улиците и куќните броеви, дека можат да се обратат во Секторот за комунални дејности , сместен во просторите над Црвен Крст, секој ден од 8 часот и 30 минути до 15 часот и 30 минути или на тел. 250-778.
Локалната самоуправа и нејзините надлежни служби , по пријавувањето на проблемот, брзо ќе отворат постапка за именување улици и утврдување на куќни броеви.












