Сеуште е во тек Јавниот повик за прибирање на барања за доделување финансиска поддршка на домашни и странски авио превозници кои во текот на летната сезона ќе летаат на релација Лондон-Охрид и обратно.

Според условите на повикот, кој го објави Општина Охрид, новата дестинација треба да биде постојано опслужувана по однапред определен ред на летање.

-Корисникот кој ќе ја добие оваа финансиска поддршка треба најдоцна до 15 Јуни 2014 година да започне со оперирање на една дестинација два пати неделно на релација аеродром „Св.Апостол Павле“ Охрид и некои од аеродромите во Лондон, Велика Британија и истата да ја одржува во периодот од 15 Јули до 15 Септември 2014 година, како и во текот на целата 2015 и 2016 година. На оваа релација, корисникот треба да обезбеди превоз на најмалку 9600 патници годишно или минимум 800 на месечно ниво, во целиот период на користење на финансиската поддршка, пишува меѓудугото во Јавниот повик.

Во него стои дека Финансиската поддршка ќе се додели на авио превозник кој ги исполнил условите утврдени во барањето и понудил најнизок износ на финансиска поддршка во евра изразени во денарска против вредност, по патник во пристигнување.

Рокот за доставување на барањата за учество во постапката за доделување на финансиската поддршка истекува на 26-ти мај 2014 година до 13 часот. Јавното отворање на барањата ќе се оддржи истиот ден, со почеток во 13 часот во просториите на Општина Охрид.

Е.М