Локалната самоуправа со 600 денари ќе  субвенционира одредени комунални трошоци на  социјално ранливите категории граѓани во општината, што ги имаат кон јавните   претпријатија „ Охридски комуналец“, МЈП „ Проаква“, „ Нискоградба“ и „ Градски гробишта“. Субвенционирањето ќе биде на месечна основа, а лицата кои се заинтересирани за овој вид помош треба да се пријават на огласот кој ќе биде распишан од страна на општина Охрид. 

По донесувањето на одлуката на советот, општина Охрид ќе објави оглас,  на кој по точно утврдени критериуми ќе може да аплицираат сите наши сограѓани кои имаат социјален статус предвиден во рамки на условите. Потоа ќе следи потпишување на договор  меѓу општина Охрид  и  тие лица на кои локалната  ќе им ги  субвенционира нивните комунални трошоци во висина од шестотини денари  кон јавните претпријатија,  изјави секретарот на општина Охрид,  Димитар Спасески.

Одлуката за субвенционирање на дел од  комуналните трошоци на социјално ранливите граѓани на Охрид, на вчера одржаната седница  доби зелено светло  од советниците.

OhridNews