Откако градоначалникот  на Скопје Коце Трајаноски се пофали со охридскиот проект кој победи на јавниот оглас за поставување платформи (бродови) со намена за угостителска дејност на Вардар, и општина Охрид почна да размислува во тој правец.

-Ја поддржувам секоја идеја која не ја загрозува животната средина и сметам дека не е лошо и во Охридското Езеро да има платформи и бродови со намена за угостителска дејност. Подобро тука да се поставуваат маси и столици отколку по плоштадите и шеталиштата, истакна на неодамнешната средба со медиумите, градоначалникот Александар Петрески.

Вакви платформи на Охридското Езеро има на повеќе плажи, а „традиционално“ угостителските објекти лоцирани на првата линија до водата во стариот дел на градот на неколку години ја прошируваат својата дејност во езерото.

OhridNews