– Без да поминат сите овие законски процедури од наша страна не може да се одобри нивното поставување, потенцираат од локалната самоуправа.
Од министерството за култура, деновиве, беше кажано дека само охридскиот градоначалник и првиот човек на Струмица се изјаснале дека на овие два града не им се потребни продавниците за сувенири. Од министерството, при тоа, го повикаа охридскиот градоначалник да ја преиспита одлуката, затоа што не одела во прилог на запознавање на туристите со нашите вредности.
Од локалната самоуправа потенцираат дека веќе подолг период се работи на реализација на идејата за поставување на продавници за сувенири во Охрид, кои би се поставиле од страна на локалната самоуправа и тоа во близина на инфо центрите и на неколку локации во централното градско подрачје.