Локалната самоуправа очекува дека за скоро време ќе добие позитивен одговор од владата околу поднесеното барање за преземање на просторот кај охридската касарна, кој е во сопственост на министерството за одбрана.

Нашето барање до владата за преземање на ингеренциите за овој простор е веќе поднесено,  постапката во тек, се подготвуваат извештаи и се надеваме дека за краток период ќе добиеме позитивен одговор , изјави градоначалникот Никола Бакрачески.

Според постоечкиот детален урбанистички план на овој простор предвидена е изградба на Спортски центар, амбуланта, црква, трговски центар, објект наменет за потребите на високообразовна институција. Кои од предвидените објекти ќе се градат во наредниот период зависи од тоа колкав дел од просторот  ќе и биде отстапен на локалната самоуправа.

OhridNews