Општина Охрид организира Промоција на летна туристичка сезона, Манифестација “ЛЕТО 2013” и Промоција на целокупната туристичка понуда од Охрид.

По тој повод, се упатува јавен повик до сите сопственици на угостителски објекти (хотели, ресторани, кафетерии, ноќни клубови) да земат учество на работниот  состанок кој ќе се одржи на 19 јуни (Среда), со почеток во 12:30 часот во Голема Сала на Општина Охрид.

Целта е да се поддржат активностите предвидени во рамки на манифестацијата и да се утврди нивната понуда и  промовирање.

OhridNews