Од локалната самоуправа со апел до надлежните во државата за преземање итни мерки поради нискиот водостој на Охридското езеро, особено делот на каналот „Студенчишта“.

Од локалната самоуправа потенцираат дека проблемот ескалира веќе одреден период наназад, што може да има сериозни последици врз рибниот фонд.

– За да не дојде до евентуален помор на риби, особено во делот кај Студенчишкиот канал и поплитките делови на крајбрежјето на Охридското Езеро, веќе е испратен и соодветен допис до Министерството за транспорт и врски, од кои побаравме во рамките на нивните надлежности, да преземат соодветни мерки, со кои превентивно би се избегнале поголеми еколошки проблеми. Рибата поради нискиот водостој излегува на површина и наскоро може да се случи масовно да угинува поради недостаток на кислород, велат од локалната самоуправа.

Во неколку наврати и еколозите побараа да се прекине со испуштање на вода од езерото. Тие потенцираат дека нема вода во „Билјанини извори“, а од пумпите на ЈП „Водовод“ нема дотур на свежа вода во каналот, што може да доведе до несакани последици.

  • За да се надмине оваа состојба, од ЈП „Водовод“ е побарано да се исклучат пумпите со кои се земам вода за пиење од каптажата „Билјанини Извори“ и истата да се пренасочи преку Хидробиолошки во каналот „Студечишта“ за дотур на свежа вода и за да се зголеми нивото на вода и количеството на кислорот. Истото од страна на Мјп „Проаква“ е веќе преземено. Иако оваа количество на вода е значителна за водоснабдување на градот Охрид, Мјп „Проаква“, без оглед на цената на чинење, постапи по нашето барање со цел да се спречи еколошка катстрофа, велат од општина Охрид.

Дополнителен проблем е што и прогнозата за наредниот период не најавува врнежи од дожд, што, доколку не се направи навремена превенција, може да доведе до посериозни последици.

Според најновите податоци, вчера, нивото на водата во езерото е 693.24 мнм, односно за 14 см повисоко од минимално дозволеното ниво од 693.10 мнм.