Според локалната самоуправа изминатата туристичка сезона се оценува како успешна, пред се и поради враќањето на странските гости. Како што велат од таму, има уште неостварени планови кои Охрид , треба да го вбројат во врвот на светските ранг листи на најатрактивни туристички дестинации.

Според податоците, заклучно месец август остварени биле 413.380 ноќевања, од кои 217.877 ги оствариле странските гости. Од нив, најбројни биле Холанѓаните – 7651 турист,  Србите – 5.723 и Турците –  5.546 гости. Помал број туристи е евидентиран од другите европски и прекуокеански земји.

Од туристичката такса , според податоците од надлежните сектори кои се слеваат во Секторот за туризам и локален економски развој, заклучно месец ноември , од очекуваните 15 милиони денари, собрани биле 13. 237. 953 денари.

Локаната самоуправа смета дека , доколку заедно со МВР се востанови заеднички систем на регистрација на туристите , приходите  ќе се зголемат , со што ќе се обезбедат повеќе средства за промоција на Охрид.  

OhridNews