Градоначалникот Никола Бакрачески денес оствари средба со јапонските експерти од Агенцијата за меѓународна соработка со чии средства ќе се изработи физибилити студијата за рехабилитација на колекторскиот систем.
Градоначалникот Бакрачески истакна дека Локалната Самоуправа го поздравува проектот кој ќе придонесе за заштита на живиот свет во езерото, но и за нормално функционирање на колекторскиот систем во градот и приградските средини. На средбата беше истакнато дека локалната ќе ги обезбеди сите потребни документи и ќе направи се што е во нејзина надлежност за што поскора реализација на проектот.
Директорот на МЈП “Проаква“, Томе Паскалиев кој ќе биде координатор на проектот од македонска страна, истакна дека за Охрид и охриѓани особено е значајно да се реконструира делот од колекторот кој се однесува на секундарната, односно канализационата градска мрежа.
OhridNews