На средбата било договорено, за неколку дена синдикатот да го прочисти списокот на просветни работници кои ,поради одржување на настава надвор од Охрид трошат повеќе од предвидените 800 денари. Како што нагласуваат од локалната самоуправа, иако не е во нивна надлежност, било договорено локалната да ја покрие разликата.
До крај на годината, СОНК ќе треба да подготви и список на просветни работници кои земаат патни трошоци, а не ги исполнуваат обврските предвидени со колективниот договор.