
Доколку локалната самоуправа која е целата во долгови го преземе на пример Античкиот театар таа треба веднаш да вложи 10-15 милиони евра за да може да го користи во иднина тоа културно богатство како што треба, додава Кузман. Според него државата вложува големи пари за откривање, реставрирање, ревитализација и претстсавување на културното наследство. „Тоа сам еден град како Охрид не може да го прави бидејќи долговите на општината се големи и покрај нејзините желби и напорите што ги вложува“, смета Кузман. Тој информираше дека државата во минатата и оваа година за заштита на културното наследство вкупно ќе вложи 11 милиони евра, средства кои ниту една општина сама не може да ги обезбеди.
Наспроти ова локалната самоуправа смета дека треба да дојде до децентрализација во културата, бидејќи само така општините ќе можат вистински да менаџираат со културното наследство но и со објектите на културните установи кои според неа не се доволно искористени. Градските власти сметаат дека општината многу подобро ќе менаџира со Центарот за култура, Библиотеката, летните сцени и другите објекти на институции од областа на културата, кои според неа наместо да креираат културни настани, мака мачат да опстанат.
Г. Момироски











