Големиот спортски херој Марко Пејчиноски и таеквондистот Ацо Јосифоски, имаа прием кај градоначалникот Стојаноски, за нивните исклучителни спортски достигања.

Градоначалникот Стојаноски честитајќи му го големиот успех на Марко, истакна дека неговиот подвиг претставува вистински патоказ за тоа како да чекориме низ животот и сигурно ќе биде инспирација за многу други деца.

Општина Охрид, обезбеди парична награда од триесет илјади денари за големиот подвиг на Марко и ученичка стипендија за талентирани деца.

На средбатга искрено беше поздравен и големиот успех на охридскиот таеквондист Ацо Јосифоски, кој на Светското првенство во Минск, Белорусија, во категорија на ветерани го освои бронзениот медал. Општина Охрид и за Јосифоски обезбеди парична награда, во висина од триесет илјади денари.

OhridNews