Од локалната смаоуправа информираат дека во изминатиот период од една година и три месеци, по преземањето на мандатот на градоначалникот Никола Бакрачески, се асфалтирале голем број улици, меѓу кои делови од улицата“ Карпош Војвода“ и “АСНОМ“, “Јане Сандански”, улицата “Сирма Војвода“, улицата “Богомилска.  

– Целосно е ревитализирана и асфалтирана улицата “Крум Точко”,на која се изврши реконструкција на водоводната мрежа во должина од 319 метри, се постави и атмосферска канализација во должина од 230 метри. Улицата “Ристо Чадо“ е проширена во должина од 200 метри. Извршено е асфалтирање на тесни улици и прекопи во населба “Гоце Делчев”, ул. “Македонска Ударна Бригада”, крак  на улица  “Момчило Јорданоски”, улица “Богомилска”, улица “Караорман” пред градинката “Јасли“ , улица “Галичица“,улица “Ванчо Питошески“ , село Велгошти, улица “8-ми Март“, улица “Прилепска“, улица “28-ми Април“, село Велгошти пред училиште, село Завој и пат Горно Лакочереј- Долно Лакочереј – Орман. Асфалтирани се улички во Пештани, потенцираат од локалната самоуправа.

Извршена е реконструкција на патот Вапила –Сирула, како и изработка на нов пат, а асфалтирани се и осум улички во село Косел.   

Во тек е пополнувањето  на ударните дупки низ градските улици. Акцијата веќе се реализира во централните , а  поради  стартот на летната  туристичка сезона  истата периодов продолжува на периферните улици.

OhridNews