Поради ниските температури и заштедата на гориво за греење, Локалната самоуправа смета дека школската година наместо на 20- ти треба да започне на 23- ти јануари, а денот да се одработи подоцна кога времето ќе биде потопло.

Тоа засега е само иницијатива која е испратена до министерството за образование. Ќе се реализира доколку добиеме одобрение од надлежното министерство. Според нас, подобро е да се одработи денот кога времето ќе биде потопло, бидејќи тешко е да се загреат училишните простории по пауза од две недели, а потоа два дена пак да не се грее, велат од локалната самоуправа.

Доколку министерството го поддржи ваквиот предлог, секое училиште писмено ќе биде известено од страна на локалната самоуправа, со цел навреме да се информираат и учениците.

OhridNews