Учесниците на состанокот донесоа и заклучок општинскиот инспекторат и Пазарна Инспекција да подготват информативни материјали кои ќе содржат информации за законските обврски на давателите на туристички услуги во делот на пријавување и евиденција на туристите, како и материјали наменети на корисниците на туристичките услуги во однос на нивните права и обврски за време на нивниот престој. Овие информации во вид на информативни материјали, во рамки на една поширока јавна кампања ќе бидат дистрибуирани до целните групи во текот на целата туристичка сезона.
Со цел справување со нелегалните станоиздавачи и нелегални посредници за сместување, ќе се делува координирано од страна на Општинскиот Инспекторат, Пазарна Инспекција и УЈП. Воедно, службите на СВР Охрид превентивно ќе го интензивираат своето присуство на посочените спорни локации на кои најчесто делуваат нелегалните станоиздавачи и посредници и ќе пружаат асистенција на другите служби.
Секторот за ТЛЕР и СВР Охрид во комуникација со Секторот за Информатички Технологии при МВР, ќе ги координираат активностите за реализација на функционирањето на начинот на електронска пријава и одјава на престојот на гостите. На овој начин ќе се овозможи електронското пријавување на престојот на гостите да биде унифициран и синхронизиран, со што состојбата ќе биде на увид и од страна на останатите инспекциски служби други државни органи.
На состанокот е договорена и интензивна координирана акција на Општинскиот Инспекторат, Пазарна Инспекција и УЈП, во однос на решавање на проблемот со нелегалното издавање на викенд станови, како нелојална конкуренција на легално регистрираните станоиздавачи. Ќе се изврши обемна информативна кампања насочена кон сопствениците на викенд станови, во однос на решавање на статусот на нелегалното работење со туристичка дејност (издавање на нерегистрирани и некатегоризирани викенд станови) со цел регулирање на нивниот статус.
Со цел надминување на проблемите од областа на туризмот, надлежните најавуваат низа слични состаноци и во текот на периодот кој следува.