Во Албанија денеска ќе се одржат локални избори на кои ќе учествуваат дури 56 политички партии поделени во две големи коалиции предводени од владејачката Демократска партија и опозициската Социјалистичка партија.
Бројот на гласачите, според Централната изборна комисија , е три милиони и 116.279 гласачи, додека изборите ќе се спроведат во над 360 околии и општини, како и во градот Тирана.
Изборната кампања заврши синоќа со големи митинзи на двете најголеми албански политички партии Демократската на Сали Бериша и Социјалистичката на Еди Рама.
Битката за градоначалник на Тирана ќе ја водат актуелниот Еди Рама и Љуљзим Баша од демократската партија, доскорешен министер за внатрешни работи.
Во коалиција со Бериша е и партијата на Македонците МАЕИ, која има двајца кандидати за градоначалник, а во Тирана ќе го поддржува Баша.
Едмонд Темелко од Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) ќе се бори за градоначалничко место во Пустец.
На овие избори првпат, иако не под симболот на македонската партија за градоначалничкото место во општина Требиште, област Голо Брдо ќе се бори и Едмонд Османи, актуелен потпретседател на МАЕИ.
Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека од 15 ноември до 15 март, согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата возилата кои учествуваат во јавен со...
Изградбата на автопатот Охрид – Кичево се одвива со одлична динамика, а за прв пат во Македонија и во целиот регион се применува најновата европска директива за безбедност во сообраќајот, особено в...
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец Oблачно со повремени врнежи од дожд Максималната темпера...