„Стоп за насилството врз жените и девојчињата“ е насловена трибината која утре ќе ја организира Локалниот совет на млади при општина Охрид. Свое обраќање на трибината која ќе се одржи во малата сала на општината ќе имаат: Ѓорѓи Тодороски, дипломиран педагог, Марија Тренева, доктор по општа медицина, како и Славица Костоска, директор на СОСУ „Св. Кирил и Методиј“
Со овој настан, Советот на млади се приклучува кон глобалната кампања: „16 дена активизам – да ставиме крај на насилството врз жените и девојчињата – сега“. Кампањата е насочена кон подигнување на јавната свет за различните форми на насилство врз жените и девојчињата и има за цел да упати на јавна дебата за потребата од третирање на овој голем проблем.
OhridNews