Насилството врз жените е сериозен оптштествен проблем на кој во иднина мора да му се даде посериозно значење. Ова беше генералниот заклучок на трибината „Стоп за насилството врз жените и девојчињата“ која се одржа денеска во Охрид, во организација на Локалниот совет за млади.

Според организаторите овој настан е во функција на подигнување на јавната свест против различните форми на насилство врз жените и девојчињата за што е потребно посериозен пристап и третман на овој проблем.

Свое обраќање на трибината имаа Ѓорѓи Тодороски, дипломиран педагог, Марија Тренева,  доктор по општа медицина, како и Славица Костоска, директор на СОСУ „Св. Кирил и Методиј“.

Оваа трибина е дел од глобалната кампања: „16 дена активизам – да ставиме крај на насилството врз жените и девојчињата – сега“, која е насочена кон подигнување на јавната свет за различните форми на насилство врз жените и девојчињата и има за цел да упати на јавна дебата за потребата од третирање на овој голем проблем.

OhridNews