Осмите Локални избори во земјава ќе ги мониторираат 1451 домашни и странски набљудувачи.
ДИК акредитираше 807 домашни и 644 странски набљудувачи. Покрај домашните, изборите ќе ги следат и 12 странски новинари.
Навреме се отворени сите избирачки места и процесот на гласање за Локалните избори се спроведува без проблем, соопшти Државната изборна комисија.
Првичните резултати од гласањето ќе бидат објавени најдоцна 12 часа по завршување на изборите.
Г.М.