Локалните избори во земјава треба да се одржат на 3-ти, 10-ти или 17-ти октомври, соопшти денеска на средба со новинарите претседателот на Собранието Талат Џафери.
Деведесет дена претходно тој треба да ги распише изборите односно во јули, а најдоцна на 1 август, во зависност од датумот што ќе го договорат политичките партии.

За барањето на опозицијата за избори заедно со локалните, вели дека еден пратеник може да го поднесе предлогот и ако има соодветно мнозинство нека го изгласа.
OhridNews












