Плашицата да не се изловува од Охридското езеро, затоа што претставува голем џокер за стабилизација и повраток на пастрмката во водите на Охридското езеро. Во интерес на побрзиот пораст и прираст на пастрмката,во наредните четири години вештачкиот мрест да претрпи одредени измени, апелира до надлежните независниот екологист, дипломираниот инжињер агроном,експерт по аграр и екологија, воедно и иницијатор за мориторинг на риболовот од Охридското езеро, Лазо Наумоски.

Вештачкиот мрест да се изведува на едно одредено риболовно место, односно во Охрид,Пештани или Трпејца, а другите две риболовни места да мируваат, односно да се овозможи Охридската пастрмка природно да се мрести. Во интерес на опстанокот и побрзото стабилизирање на Охридското езеро со рибен фонд, во пролет, езерото да се исчисти од неконтролирано испуштените риболовни мрежи кои се во дното на езерото, а биле испуштени од страна на предходните концесионери и рибокрадци, советува Наумоски.

– Долгорочно гледано како најдобар и најодговорен и најдобро организиран иден концесионер на Охридското езеро ги гледам локалните власти на Охрид и Стуга, со масовен развој на спортскиот риболов поврзан со туризмот. Користењето на риболовните мрежи во уловот на Охридската пастрмка од водите на Охридското езеро постепено да изумира и за многу кратко време засекогаш да се отстранат од употреба. Стопанскиот риболов да остане само минато затоа што зад себе остави еколошко истребувачки последици за салмонидните риби во водите на Охридското езеро. Иднината и развојот на риболовот во водите од Охридското езеро да претставува спортскиот риболов поврзан со туризмот, потенцира Наумоски.

OhridNews