Бројни охриѓани и гости се упатија кон крајбрежјето и излетничките места на Галичица, за традиционално со скара да го прослават први мај. Пијалоците се ладат во езерските води, скарата разгорена, убавото и сончево време ветува релаксиран и убав празничен ден.

Голем број од гостите пак се одлучија првомајскиот ручек да го поминат во некој од рестораните на крајбрежјето.

Не изостанаа и параглајдерите кои го надлетуваат авто кампот Љубаништа и се вистинска атракција за посетителите на крајбрежјето.

OhridNews