Едно лице е уапсено откако со автомобил влета во безбедносната ограда пред британскиот Парламент во Лондон, соопшти полицијата. Во инцидентот што се случил во 7 и 37 часот по локално време се повредени неколку пешаци, пренесува Би-би-си.

На местото на настанот пристигнала полицијата, екипи на Брза помош и пожарникари. Улиците околу Парламентот се затворени.

„Во 7 и 37 часот автомобил удри во ограда пред зградата на Парламентот. Возачот, машко лице, е приведен. Неколку пешаци се повредени. Полицијата и понатаму е на терен“, соопшти Скотланд јард.