Недозволиво и неприфатливо е на само неколку метри од јавна установа во која се згрижуваат деца да се расфрла ѓубре, реагира партијата ГДУ. Според неа на градот на УНЕСКО  не му прилега ваква слика.

Сите сме свесни што може да придонесе нечистотијата. Ги повикуваме надлежните органи да се позанимаваат со овој случај и да се санкционираат тие кои го прават ова злодело. Повикуваме и директорот на комуналното да испрати екипа и да се расчисти оваа дива депонија.- стои во соопштението на ГДУ.

OhridNews