Расфрлани пластични шишиња, различни предмети, градежен отпад- е сликата околу каналот Студенчишта кој секојдневно е посетен од страна на голем број охриѓани и гости кои престојуваат во градот.


Повеќе од очигледно е дека лошите навики на несовесните граѓани никако да исчезнат.


Добро би било конечно да се согледа намената на поставените корпи за отпадоци кои служат токму за тоа-  отпадот да не се расфрла наоколу загадувајќи ја природата.

OhridNews