Поради магла за неколку часа одложен е најавениот лет за Цирих од Охридскиот аеродром што требаше да се реализира утрово. Како што информираат од аеродромот “Св. Апостол Павле“ временската состојба се подобрува и доколку тој тренд продолжи се очекува за брзо да се создадат услови за реализација на предвидениот лет.
Поради густа магла не работи и аеродромот „Александар Велики“ во Скопје. Откажани се сите пристигнувања и полетувања на авионите, пренесува “Макфакс“. Маглата го пролонгира и заминувањето на ракометната репрезентација на Македонија за Данска.
OhridNews