Пишува: Д-р Гоце Златески спец. оториноларинголог

Причини за настанување на хроничниот ларингит од невоспалителен карактер се: пушењето, алкохолот, аерозагадувањето, алергија, хронични болести на црниот дроб и бубрезите. Како посебен облик на хроничен ларингит од невоспалително потекло е рефлуксниот ларингит кој е директна последица на желудочната кисленина.

При воспалителни промени на „ларингсот“ постојат четири основни симптоми кои доминираат со различен интензитет (дисфонија, дисфагија, диспнеа и болка во грлото).
Акутен ларингит кај возрасни. Предизвикувачи се вируси: „Influenza virus“, „Common cold“, „Herpes simplex“, бактерии, вокална траума, конституционална дијатеза. Настануваат и патоморфолошки промени. Ретко ги афектира длабоките слоеви, но ако не се третира тогаш може да се развие и миозит. Се препорачува влажнење на воздухот и аеросол терапија, во потешки случаеви се ординираат кортикостероиди и антибиотици, како и гласовен мир 7-10 дена, бидејќи гласилките лесно можат да бидат оштетени при нормална употреба.

Акутен ларингит во детска возраст
Воспаленијата на ларингеалната кутија во детската возраст се карактеризираат со афектиран дишен пат. Оток на гласилката кај дечиња од само 1 милиметар го редуцира просторот за дишење за цели 33%. Респираторниот дистрес треба да се третира од оториноларинголози и педијатри во сотојба на воспалителни процеси во детска возраст, а не афектираниот глас. Воспалителни процеси со јасна клиничка слика се: „Laryngitis acuta subglottica“, „Epiglottitis acuta“ и „Laryngotracheobrоnhitis sufocans-Jakson“.

Хронични воспаленија на слузницата на ларингсот
Се делат на Инфективни ларингити (Инфективни специфични и Инфективни неспецифични) и Неинфективен ларингити. Хронични неспецифични воспалителни процеси најчесто се јавуваат поради неадекватно третирани акутни ларингити, чести рецидиви на акутен ларингит и инфламаторни процеси во носот и параназалните синуси. Ларингоскопскиот наод во состојба на хроничен ларингит се манифестира во три форми: Катарална – класични катарални знаци, хиперемија и едем, Хипертрофична форма – покрај хиперемијата на гласниците постои десквамација на епителот, хипертофија на субмукознот сврзно ткиво и често клинички видлива метаплазија на плочестиот епител и Атрофичен неспецифичен ларингит.

Хронични специфични воспалителни процеси на ларингсот кај адултната популација се: Туберкулоза на ларингсот (Tuberculosis laryngis); „Candidiasis laryngis“;- „Lues“ на ларингсот и „Scleroma laryngis“.

Хроничен неинфективен ларингит
Причини за настанување на хроничниот ларингит од невоспалителен карактер се: пушењето, алкохолот, аерозагадувањето, алергија, хронични болести на црниот дроб и бубрезите. Како посебен облик на хроничен ларингит од невоспалително потекло е рефлуксниот ларингит кој е директна последица на желудочната кисленина.

Постоење на GERB (гастроезофагусна рефлуксна болест) е основа и на појава и на LFR (ларингофарингеален рефлукс). Ова е состојба која клинички тешко се докажува, претставува слабост на горниот езофагеален сфинктер кој ја пропушта киселината од желудникот кон грлото без пациентот да забележи. При ваква состојба пацинетот не чуствува жарење и печење, нема болка, но затоа има чуство на туѓо тело во грлото со појава на дисфонија и тик на континуирано и досадно поткашлување. Лезиите на ларингеалната слузница при постоење на LFR се јавуваат во три клинички форми и тоа од лесна хиперемија на слузницата до формирање на улкус, гранулом а подоцна и карцином. Третманот на LFR се состои во промена на животните навики и антацидни средства.

Хипертофичната форма на хроничниот ларингит претставува предизвик за лекарите поради сличноста на оваа клиничка слика со карциномската лезија-инфилтрат на ларингеалната кутија. Ларингологот треба да ја евалуира ларингеалната кутија со оптички методи а преку ларингомикроскопија се зема пробаторна биопсија. Во третманот на овој тип на хроничен ларингит се препорачува употреба на: кортикостреоиди, витамиска терапија, аеросол инхалации, метикулозен „follow up“, микроларингоскопија, одмор на гласот и фонијатриска рехабилитација. 

Текстот е објавен во магазинот „Наше Здравје“
на фармацевтскиот бренд „Виа Фарм