Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито најавува дека ќе ја продолжи битката со Горан Пандев и веќе е поднесена жалба.
–Пресудата веќе беше напишана, па затоа доставивме жалба. Јас останувам смирен во секој случај, само можам да кажам дека ова нема да заврши тука. Нема да се откажам, сето ова ни одблиску не е завршено, па подоцна ќе видиме кој е победник – рече Лотито.










