Претседателот на Лацио Клаудио Лотито ја продолжи со правната битка против Горан Пандев. Римскиот клуб поднесе барање до Италијанската фудбалска лига за изземање на Марија Граци Фаци, претседателот на Арбитражниот комитет што треба да одлучи по барањето на македонскиот репрезентативец за едностран раскин на договорот

Таа беше избрана на 27 ноември на местото на Серџо де Феличе, кој поднесе оставка од лични причини. Лацио и претходно бараше одложување на изборот на претседател на Комитетот, бидејќи десеттиот член (Џовани Проспери), назначен на местото на Де Феличе, не доби дозвола да учествува во случајот. Затоа, бројот на судии беше намален на осум (место десет), или по четворица од Лигата и од АИЦ (Здружението на професионални фудбалери).

Одлуката на Комитетот по барањето на Лацио ќе биде донесена в среда.