Реновиран, проширен и во нов, топол амбиент, од синоќа со охриѓани повторно е лаунџ барот „Кадмо“.
Сладокусците во „Кадмо“ ќе можат да уживаат во разновидна храна и пијалаци. Лаунџ барот нуди разни видови стек, пици, пасти, морски и други специјалитети, како и десерти, а понудата на пијалаци покрај стандардните, е збогатена и со домашни вина.
Лаунџ барот „Кадмо“ ќе има разновидна музичка понуда, од староградски мелос до забавна музика, а за новогодишните празници се подготвува специјална програма за сите вкусови.
На 23-ти декември угостителскиот бренд „Кадмо“ со голема забава ќе го одбележи 8-от роденден.
OhridNews