Незадоволни од одлуката на Министертсвото за земјоделство, шумарство и водостопанство, кое ловните терени во општина Струга кои се протегаат на површина од над 17000 хектари, му ги издаде под концесија на Ловното друштво „Црн Камен“, од Вевчани,  околу 200 членови на ловечките друштва  „Дримкол“ од Лабуништа и „Превезан“ од Струга, денеска еден час ја блокираа крстосницата која Струга ја поврзува со патните правци за граничниот премин Ќафасан, Дебар и Охрид.


Овие ловечки друштва кои постојат околу 80 години  сметаат дека се онеправдани, бидејќи ловиштата му се издаваат на друштво формирано во 2010 година, спротивно  на критериумите од конкурсот. Поради тоа тие бараат поништување на одлуката.  Поддршка во барањата тие добија од градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко и од  заменик министерот за локална самоуправа, Фарук Фератоски.


Доколку не се поништи одлуката за концесионирање со ловните терени во општина Струга, членовите на ловните друштва „Дримкол“ и „Превезан“ најавија дека следниот протест ќе го организаираат пред Владата во Скопје.

OhridNews